Пост прв
СУТКОЗ на Република Македонија и Здружението на работодавачите на комуналните дејности на Организацијата на работодавачите на Македонија склучен е Колективен договор за комуналните дејности на Република Македонија
Прочитај...Koi може да те заштити кога се повредени твоите права од работен однос?
Со донесување на новиот Закон за работни односи зајакна улогата на Синдикатот и синдикалниот претставник во однос на заштитата на правата од работен однос. Константниот партнерски однос меѓу работодавачот и синдикалната организација овозможува да се преземаат дејствија од страна на двата партнера заради превентивно спречување на повреда на правата, било тоа да се од страна на работодавачот или од страна на работникот.
Нормите кои имаат охрабрувачки карактер за социјалните партнери даваат можност тие активно да учествуваат преку дијалогот. Во почетната фаза тие изнаоѓаат решенија за одредени спорни односи и притоа дадена е можност преку респектирање на мислењето на партнерите да се дојде до најприфатливо решение.