Пост прв
СУТКОЗ на Република Македонија и Здружението на работодавачите на комуналните дејности на Организацијата на работодавачите на Македонија склучен е Колективен договор за комуналните дејности на Република Македонија
Прочитај...Против одлуката донесена од страна на работодавачот за откажување на договорот за вработување со отказен рок, работникот има право на приговор до органот на управување, односно работодавачот.
Со поднесување на приговорот работникот го доставува и мислењето на Синдикатот.
За да се покрене постапка, односно да се споротиставиме против отказот на Договорот за вработување, неопходно е потребно ДА СЕ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР до органот на управување или пак до работодавачот. Кој орган е надлежен за одлучување по приговорот треба да биде регулирано во Колективниот договор или пак во Договорот на ниво на работодавач. Поднесувањето на приговорот предизвикува правно дејство кое дава можност доколку отказот не биде променет да работникот преку синдикатот да поведе постапка пред надлежните судови. Доколку не се поднесе приговор, работниког го губи правото на заведување на судски спор.